22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев домаќин на директорот на Европската агенција за воздухопловна безбедност

Премиерот, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев, денеска, се сретнаа со Патрик Ки, извршен директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА).

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот позитивно била оценета соработката меѓу ЕАСА и АЦВ, во насока на промовирање и постигнување на највисоките заеднички стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство.

„Соговорниците ја истакнаа исклучителната важност на усогласеноста на домашната законодавна регулатива со меѓународните стандарди во соодветната област. Се разговараше и за активностите кои Агенцијата за цивилно воздухопловство ги презема во однос на почитувањето на условите за безбедност како предуслов за овозможување ефикасен и одржлив воздухопловен развој на државата“, се наведува во соопштението во кое се додава дека исто така била истакната и важноста на соработката во поглед на едукација и стручното усовршување на воздухопловниот кадар.