Обезбедените видео и аудио-материјали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24.
Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.
– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина не можам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да не одведе истрагата, вели Рускоска.