Фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски:
Правна држава и владеење на правото се врвот на нашите приоритети.
Со последните случувања, се докажува дека независен правосуден систем и неселективната правда се возможни во нашата Република Северна Македонија. Тоа е показател дека државата и системот созреваат.
Никој не може и никој не смее да си дозволи да биде над Уставот, Законот и институциите.
За разлика од минатото кога криминалот беше легализиран, постоеше неказнивост и недопирливост на високи функциониери кои се шетаа по разни балови и каде не можеше да се замисли одговорност за било каква злоупотреба на моќ, сега имаме институции кои целосно функционираат и независно од тоа кој е, каков е, сите се еднакви пред законот и ќе одговараат за своите постапки!
Во ниту еден момент не се поколебавме и ниту еднаш не се посомневавме во правецот каде сакавме и сакаме да се движи земјава. И покрај сите притисоци и закани опстанавме во идејата за просперитетна држава.
Се боревме за правна држава и продолжуваме да се бориме за изградба на систем во кој граѓаните веруваат и се чувствуваат заштитени.
Борбата продолжува!