23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ на прес предмалку “распали” по Христијан Мицкоски: Криминални октоподи и заштита на криминалот на фамилијата се единствена одлика, константа на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ

– Од симболот на криминалот и корупцијата, од белиот дворец преку Христијан Мицкоски се јави гласот на Никола Груевски,в истинскиот претседател на ВМРО ДПМНЕ, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, предмалку од седиштето на владејачката партија.

– Денешната прес конференција не беше ништо друго, освен одбрана на криминалот на режимот и нов обид за блокада на реформите, закочување на напредокот и успехот на државата. Криминални октоподи и заштита на криминалот на фамилијата се единствена одлика, константа на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Фруистрираниот Христијан Мицкоски ќе можеше да си дозвеле да му биде полна устата со правда само доколку го осудеше тоа што го правеше тој и врвот на неговата ВМРО ДПМНЕ. Можеби ке можеше Христијан Мицкоски да ги погледне граѓаните во очи, само доколку јавно побараше расчистување на криминалот на режимот и доколку побараше одговорност.

Правда и почитување на правото се одлика на оваа влада предводена од СДСМ, и секако правда ќе има. Актуелниот случај покренат од Обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација, граѓани обвинителство МВР кој го штити општеството, рече Костадинов.

– Државата изгради институции и изгради систем кој што се бори против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите. Правосудните процеси за овој,но и за сите други случаи мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена во интерес и на граѓаните и на државата. Денеска Христијан Мицкоски неуспешно се обиде да побара алиби за своето анти државно однесување, спротивно од интересите на граѓаните и државата. Христијан Мицкоски не го интересираат ниту реформите ниту напредокот на државата, единствената работа која што е од интерес на Христијан Мицкоски е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски,соопшти Костадин Костадинов од СДСМ.

Костадинов, обвини дека Мицкоски ги кочи процесите за евро-атланската иднина на Македонија – Мицкоски не сака да има попис, старото криминално крило на ВМРО ДПМНЕ не сака земјава да се развива, ова крило на ВМРО ДПМНЕ сака земјата да биде во изолација, рече Костадинов.

На очајниот Мицкоски му упатуваме јасна порака, неговите блокади нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи со него или без него. СДСМ ќе направи се’ правдата да биде задоволена. Република Северна Македонија ќе успее.