Сакате да ви кажам како не пречекуваа во првите шест месеци странските дипломати: Немојте да не лажете како што не лажеа вашите претходници. Со тие зборови не можевме шест месеци да воспоставиме доворба дека македонските дипломати не лажат и не измамуваат, порача вечерва на ТВ 24, Бојан Маричиќ советник на премиерот Зоран Заев.
– Еве денеска имате изјава на новата претседателка на европксата комисија каде што вели дека Македонија е светол пример.
За две години успеавме да ги исчистиме сите валканици што ги оставивте во дипломатијата и во надворешната политика и вие зборувате за сериозност. Па премиерот Зоран Заев е секаде пречекан како највисок гостин. Ние ќе бидеме домаќини на самитот ЕУ-Западен Балкан наредната година заедно со Бугарија, рече Маричиќ.