22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ВИ откриваме рецепт: Крофни на кои и пекарите ќе ви подзавидат

ВИ ОТКРИВАМЕ РЕЦЕПТ: КРОФНИ на кои и пекарите ќе ви подзавидат!

Состојки:

400 мл млако млеко, 1 свеж квасец, 1 лажица кристал шеќер, 2 јајца, 50 мл масло, 700 г глатко брашно , 1 лажичка сол, 1 л масло за пржење, 50 г шеќер во прав

По желба:

еурокрем, мармалад

Подготовка:

Во еден сад во млекото разматете го свежиот квасец и шеќерот. Додајте половина од брашното и соединете го во глатката смеса. Во мал сад разматете ги јајцата и солта и додајте ги во смесата.

Исто така додајте го маслото и повторно се` соединете, а потоа додајте ја другата половина од брашното па се` заедно измешајте со миксер во прилично густо тесто. Посипете малку брашно, покријте со сува крпа и оставете го на топло место додека тестото не добие дупла маса на волумен.

На работанта површина посипена со брашно ставете го тестото, малку премесете го, посипете малку брашно па растегнете го на 1 см дебелина. Со чаша искружете крофни. Преостанатото тесто повторно измешајте го, па исечете го додека не го потрошите цело тесто.

Исечените крофни сложете ги на тацна или лим за печење. Крофните прекријте ги со кујнска крпа, па оставете ги дваесетина минути.

Крофните ставете ги во тава така што онаа страна која била долу на тацната да биде горе во тавата.

Печете на средна температура во претходно загреано масло.

Кога ќе поруменат свртете ги и запечете ги од другата страна. Вадете ги од тавата на кујнска хартија која ќе го впие вишокот масло. Жешките крофни посипете ги со шеќер во прав и наполнете ги по желба.