Понекогаш ниту топла купка, или пак чај од камилица не ни помагаат да потонеме во сон иако сме уморни.
Тоа се случува поради забрзаниот начин на живот и стресот кои не им дозволуваат на мислите да се смират туку забрзано циркулираат низ мозокот и во време за спиење. Кога не сме опуштени во мислите и нашето тело е во грч, а тоа не допринесува за мирен сон.
Според ехниката на дишење 4-7-8 која ги опушта мускулите и ги чисти мислите, а се темели на древна индиска пракса.
Со оваа техника се постигнува повеќе кислород да влезе во белите дробови, а со тоа и во целото тело, и така го опушта.
Др. Веил оваа техника ја препорачува, не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес.
Заспијте за 60 секунди!
1. Издишете го во целост воздухот преку уста.
2. Затворете ја устата, вдишете тивко преку носото и во мислите бројте до четири.
3. Задржете го здивот броејќи до седум.
4. Повторно издишете во целост преку устата броејќи до 8.
5. Вдишете и повторете го циклусот уште три пати.