24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Латас доби ослободителна пресуда

Уредникот Драган Павловиќ Латас и двајцата браќа нес е виновни по случајот “Тревник” на СЈО, соопшти судот.

Според пресудата тие не се виновни за незаконска градба на три викенд куќи во Зелениково.

„Сторител е тој што во моментот врши градба без одобрение на градба или спротивно на одобрението за градба. Надзорот го врши органот за надзор. Во конкретниот случај нема пријава за бесправно градење ни од граѓанин, ни од државен орган. Нема ни решение за уривање. Во 2013 година тие извадиле градежни дозволи за веќе изградените куќи и никој не побарал поништување на тие одобренија“, рече судијката Марија Марковска во образложението на пресудата.

Со пресудата, освен што се ослободуваат тројцата браќа, нема да има никаква конфискација или заплена на имот а трошоците од процесот паќаат на товар на државата.

Специјалното јавно обвинителство кое беше иницијатор на обвинението најави жалба