9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

Подгответе се за мистериозна ноќ полна со уникатни аудиовизуелни доживувања

Вечерва, во Ragusa 360 Rooftop од 20.30 часот ќе започне мистеријата да се открива преку перформансите на елитни уметници кои на еден сосема поинаков начин ќе ги доловат музиката, сликата и светлината. А мистичното и невообичаено чувство го засилуваат најавите за храна и коктели од една друга димензија.

Уникатната платформа Neuland која денес го претставува Mysterium, инспирирана од невообичаениот спој на разновидни содржини, овој пат ги води сите љубители на скопската клупска сцена на мистериозна авантура. Мултисензорна и концептуално изградена, во духот на мистеријата и досега неоткриениот аудиовизуелен свет, преку артистички настапи од различен тип, ќе има задача да ги доведе во забуна сетилата на присутните.

Сезоната на возбудливите забави е официјално отворена, а оваа летна ноќ предизвикува уникатно уживање во мултимедијални претстави што ќе бидат прикажани во режија на Neuland и сценарио на Mysterium.