17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тамара Тодевска се извини: Не можам да ја опишам тагата поради пропустот при пеењето на химната

Пејачката Тамара Тодевска се извини на социјалната мрежа Фејсбук за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава на 4 Јули во Амбасадата на САД во Скопје. На синоќешната прослава на националниот празник 4 Јули, Денот на независноста на САД, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.

„Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од Амбасадата на САД.

Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара”, напиша пејачката.

Ваквиот пропуст предизвика низа реакции, како и од македонските здуженија во дијаспората, а особено од Македонците од Бугарија и од Обединетата македонска дијаспора, која повика на итно изјаснување и извинување од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/?t=0