27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ:До 90 отсто пониски цени за услуги во роаминг во земјите од Западен Балкан

Од денеска, при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да испраќаат и добиваат СМС, да прават и добиваат повици и да користат интернет за цени пониски до 90 отсто, соопшти СДСМ.

Според партијата, за споредба досегашната просечна цена за извршен повик во земјите од Западен Балкан беше 75,4 денари, а од денеска просечната цена ќе биде 5,05 денари по минута со вклучен ДДВ.

„Цените се линеарни и важат за секој оператор и секоја земја. Со ова се намалуваат трошоците за граѓаните и се олеснува комуникацијата. Дополнително, од 1 јули 2021 на сила се очекува да стапи и ‘Роаминг како дома’ по примерот на земјите од ЕУ, со што граѓаните нема да плаќаат воопшто какви било роаминг-услуги, било да се тоа повици, пораки или интернет.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и имплементација на мерки кои ги намалуваат трошоците на граѓаните и враќаат сè повеќе пари во семејните буџети”, се додава во соопштението.