11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Никој од 63 советници не знаел да му каже на Заев дека е незаконски да биде министер

Единствена Македонија на Јанко Бачев изразува шокираност од, како што велат од оваа партија, непознавањето на законските прописи на големиот број советници на премиерот Зоран Заев во владата.

Од партијата на Бачев истакнуваат дека скандалозен е податокот оти според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (член 44) функцијата премиер и функцијата министер се неспојливи, а советниците на Заев во владата тоа не го знаеле.

„Заев се избламира на отворена сцена со незаконското себеназначување за премиер и министер за финансии. Но, случајот е и голем меѓународен срам за државата оти на Заев во владата му делат памет правно неписмени советници кои не ги познаваат законите во државата, што само по себе е штетно и за националните и државните интереси“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека Заев има 39 надворешни соработници со плата од 1.200 до 1.500 евра и заедно со посебните советници во неговиот кабинет чинат вкупно 63 советници за кои годишно за плати се трошат 1,5 милион евра народни пари од буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.