Откако Centar.mk откри во неделата дека екс министерот за финансии Зоран Ставревски е повикан на разговор во финансова полиција минатата недела, стигна и потврда.
Зоран Ставревски беше повикан на информативен разговор во финансова полиција – соопшти во емисијата 24 Отворено на ТВ 24 вести, директорот на финансова полиција, Арафат Муареми. Тој не обелодени во врска со кој предмет е повикан Ставревски.
„Зоран Ставревски беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистрана постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде“. – изјави Муареми.
Муареми не посочи дали Ставревски е осомничен за тој предмет. Инаку, Ставревски беше осомничен во истрагата „Подарок“, а покрај него е осомничен и Јанакиески, дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за руска компанија. Рускиот долг требало да се регулира со изградба на гасоводот Клечовце-Блок станица 5, за цена далеку повисока од реалната.