– Јас сум згрозен. Секако тоа е видео снимка која што се појавила на социјалните мрежи, ја видоа сите, ја видов и јас. Внимателно ја ислушав. Оставам органите на истрагата да го потврдат тоа. Јас апелирав да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди при истрагата ако тоа е точно, треба да се носи одговорно. Секако јас сум првиот што ќе побара од него да си поднесе оставка, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Сител во врска со аудио снимката која излезе во јавноста поврзана со Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари.
– Впрочем, оваа влада покажа до сега, првиот дел имаме осум сменети министри, сега имаме дополнително шест, директори се сменија и ќе се сменат. Никогаш не било така да се има ваква одговорност, но сите мора да тргнеме од својата лична одговорност, затоа при едни вакви случаеви дефинитивно ако истрагата потврди дека тоа што го видовме, што нашите рецептори ушите и очите тоа го примија, буквално дека тоа е така. КОга ќе се утврдат сите околности оти нели фер е да ја слушнеш и другата страна, што било причината, зошто тоа се случило, дали е тоа така. Јас уште сега кажувам ако истрагата тоа го потврди јас сум првиот што јавно ќе побарам оставка од Градоначалникот на Шуто Оризари.