Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев откри зошто е сменет Тевдовски

Тевдовски е сменет затоа што јас влегувам, порача Зоран Заев, премиерт на РС Македонија, вечерва во гостувањето на ТВ Сител.

Премиерот Заев порача:

– Влегувам комплет со цел свој кредибилитет за да одржиме економска лекција, уште позасилено, рече Заев.

Со ова се најавува економска година за Македонија.

Заев, меѓудругото потенцираше дека Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен.

Заев вели дека неговото влегување е клучно, тврдејќи дека не е дека не бил задоволен.

– Влегувам во последната фаза само во конечните реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година, рече Заев.

Заев вели и дека октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, најави дека доаѓаат убави времиња за Македонија.

– Треба максимални се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК