За подготовка на оваа торта ќе ви бидат потребни само десетина минути…
СОСТОЈКИ:
500 грама бисквити, 1 литар јогурт, шеќер во прав, 500 грама овошје по желба (малини, јагоди, капини, вишни, ананас, банани, киви), 200 грама крем шлаг
ПОДГОТОВКА:
Искршете ги бисквитите, додајте го јогуртот, шеќерот во прав и овошјето, па се добро измешајте. Додајте ја смесата во кружен плех и ставете ја во фрижидер. Ставете крем шлаг преку тортата. По желба украсете со овошје.