Времето утре претпладне ќе биде сончево, на одделниместа со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Ќе дува западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. Минималната температура од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови во делови од Скопско за краткотрајна нестабилност. Температурата 18/34 степени.
Од утре попладне следи период со претежно попладневна нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во понеделник. Во следниот период дневните температури ќе опаднат па во понеделник само некаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.