11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фото: Зоран Ставревски повикан на распит во Финансиска полиција?

Како што дознава Centar.mk екс-министерот за финансии Зоран Ставревски бил повикан минатата недела во Финансиската полиција.

Дека Ставревски бил во Финансиската полиција говорат и фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција.

Засега не е позната причината за овој распит, но Ставревски претходно беше осомничен и во истрагата “Подарок” на Специјалното јавно обвинителство.

Во истрагата „Подарок“ осомничени се Ставрески и Јанакиески, дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за руска компанија. Рускиот долг требало да се регулира со изградба на гасоводот Клечовце- Блок станица 5, за цена далеку повисока од реалната. Со една реченица, Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, а дологот на Русија кон Македонија, фактички станал подарок за Русија, пишува СЈО.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.