23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тригодишно дете било каснато од змија во дворот од семејната куќа во дојранско

ригодишно дете од дојранското село Фурка веќе неколку дена е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести откако претходно во гевгелиската болница примило серум против змиски отров, откако било каснато од змија во семејната куќа, објави Сител.

По каснување од поскок на Инфективна на болничко лекување е уште една жена, но лекарите велат дека и пациентката и детето се во добра здравствена состојба.