23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Повредени се и полицајци: Загина возачот на БМВ-то кое се запали кај обиколницата, откако не успеа да сопре на полициска патрола

На лице место почина возачот на возилото марка Бе-ем-ве кое учествувало во сообраќајката попладнево на северната обиколница во Скопје.

Покрај починатиот, повредени се и три лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Несреќата се случила откако автомобил БМВ со огромна брзина се движел на патот, но добил знак да запре од полициската патрола, по што во него удрил камион, а бе-ем-ве-то од ударот влетало во полициското возило.

Во несреќата се повредени и двајца полицајци, како и возачот на камионот. Тие итно се пренесени во клиничкиот центар во Скопје.

Автомобилот марка БМВ целосно изгорел, откако се запалил по ударот.