23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Запоставен дар од природата: Благотворно делува на цел организам

Поради своето антивирусно и антибактериско дејство, помага при ублажување на воспаление на крајниците и дишните патишта.

Мушмулата (Mespilus germanica) е распространета како дива листопадна грмушка, со висина од два до пет метра или како култивирано стебло кое може да порасне и до осум метри во висина. Потекнува од југозападна Азија, од каде е пренесена во Европа, прво на подрачјето на Грција и Италија, а набрзо проширена и низ цела Европа.

Лековити својства

Мушмулата е силно анти воспалително средство кое благотворно делува на цел организам. Со векови се користи за дигестивни проблеми – сузбива воспаление на црева и желудник, елиминира надуеност и е силен природен лаксатив.

Мушмулата е богата со хранливи и лековити состојки. Содржи протеини, јаглехидрати, танини, пектини, органски киселини (јаболкова, винска, лимонска). Изобилува со витамин Ц и витамини од Б групата. Покрај тоа, извор е на калиум, калциум, железо и магнезиум.

Мушмулата е природен лек кој може да го искористите на бројни начини.

Лековити дејства на мушмулата:

– го подобрува видот ,ги зајакнува црниот дроб и бубрезите, лечи вртоглавица, го подобрува варењето, помага при импотенција, го намалува холестеролот, помага при воспаление на крајниците и респираторниот тракт, помага при проблеми со стомакот,- ублажува болки, помага принесоница, регулира низок притисок, има благотворен ефект на кожата и косата