17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Втор ден “Запознај ја Преспа” започнува со традиционалната вело тура “Тур де Галичица” 

Вториот ден на “Запознај ја Преспа” започна со низа спортски и еколошки активности. Традиционалната велосипедска тура “Тур де Гачичица” која по шести пат се вози на оваа планина започна во 10 часот. Преку 200 учесници од целата држава и регионот ќе возат велосипед по патека во должина од 70 километри.

Организаторите на овој настан, вело клубот “Преспа бајк – Ресен” велат дека оваа година патеката ќе биде на врвот Магаро и таа води по најубавите предели на планината. Учесниците ќе имаат можност да посетат локации од каде се гледаат двете езера, Преспанското и Охридското. 

Манифестацијата “Запознај ја Преспа” продолжува и денес во текот на целиот ден со низа настани во Отешево и Дупени.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +