Што треба да знаете доколку со Вашиот автомобил се одлучите да летувате во Црна Гора?
Црна Гора се наоѓа во Југоисточна Европа помеѓу Хрватска, Србија, Косово, Албанија, БиХ и Јадранското море. Својата независност ја прогласи на 3 Јуни 2006 год. напуштајќи ја Унијата со Србија. Зафаќа површина од 13.812 км2 и има вкупно 650.000 жители. Главен град е Подгорица. Други поголеми градови се: Цетиње, Никшиќ, Херцег Нови, Бар. Службен јазик е српски.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места- – сите возила – 50 км на час Надвор од населени места- -Автомобили, моторцикли – -Брзи патишта – 100 км на час; – останати патишта 80 км на час -Автомобили со приколка, – -На сите патишта – 80 км на час;
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 122/112 Амбуланта 124/112 Противпожарна бригада 123/112 АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635 АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807 / 20 234 999, или 19807
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Црна Гора не е потребна виза. Со споогодба е овозможено преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја( нпр. Хрватска), при влез во Црна Гора користете биометриски пасош. Потребен е зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна. Еколошка такса повеќе не се наплаќа.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително Детски седишта: не, деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта Средно светло дење : да, за сите возила Прва помош сет: задолжително ПП апарат : не Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжителен
извор АМСМ