Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, ниту еден пациент на Хематологија не е оставен без терапија

Ниту еден пациент на Клиниката за хематологија не е оставен без терапија, односно без потребните лекови, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која денеска обвини дека ниту самата директорка на Хематологија не може да одлучи дали има или нема лекови.

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ нема идеја, план и програма, па продолжува да измислува проблеми и да шири лажни вести за здравството.

„Како што е јавно соопштено, промена има само во распоредувањето, кое порано било на месечно, а сега е на неделно ниво, a по завршување на јавната набавка, лековите повторно ќе се распределуваат на месечно ниво“, објаснуваат од СДСМ.

Од таму посочуваат и дека Јавното обвинителство ја демантирало лагата за јавна набавка на Клиниката за хематологија.

„Според ОЈО, по постапувањето по допрен глас на Управата за финансиска полиција во врска со судирот на интереси во јавната набавка на лекови на Клиниката за хематологија, утврдено е нема повреди во постапката по јавните набавки ниту, пак, има судир на интереси кај одговорните лица. Напротив, јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена во согласност со законот“, стои во соопштението, во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести во обид да ги девалвира промените во здравствениот систем, кои се во интерес на граѓаните и медицинскиот персонал.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА, ПА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕН – Македонија ја очекува нова промена на времето, се најавува и силен ветер над 60 км/ч

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК