Вечерва се случи тешка сообраќајка на Улицата Првомајска во Скопје, каде при судир меѓу две возила марка Пежо и Голф 5 загинаа две лица.
Починатото момче имало само 20 години. Според неофицијалните информации се работи за С.Ш. од Батинци.
Второто починато лице било жител на Драчево.
Првите претпоставки се дека сообраќајката се случила поради неприлагодена брзина.
На лице место се насобраа поголем борј на граѓани, меѓу кои и роднини на починатите кои беа видно вознемирени од трагедијата.