23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Синоптичарите најавуваат 39 степени за деновиве, а ние ви носиме нова тура трикови: Како да се разладите во овој пекол?

Синоптичарите најавуваат врели денови со температури до 39 степени.

Ви пренесуваме неколку корисни трикови кои можат да ви помогнат за разладување во текот на ноќта доколку немате клима уред. Ако тешко заспивате поради жештините, прочитајте ги овие трикови кои можат да ви помогнат колку-толку да се разладите и полесно да заспиете.

1. Влажна крпа на прозор

Отворете го прозорот и ставете влажна крпа која во жешките ноќи ќе работи како клима уред.

2. Коцки лед пред вентилатор

Собата пред спиење разладете ја така што коцки лед ќе ставите пред вентилатор.

3. Исфрлете ги сите извори на топлина од собата

Отстранете ги сите електронски уреди од собата во која спиете. Важно е да се напомене дека не е добро да го полните мобилниот телефон во собата во која спиете бидејќи емитува непотребна топлина.

4. Ладна купка за нозе

Една ладна купка, не само што ќе ве разлади, туку и ќе ви помогне полесно да заспиете. Со ладењето на нозете, доаѓа до автоматска реакција на организмот: ќе се зголеми циркулацијата во тој дел од телото.

5. Ледени чорапи

Посебно во топлите ноќи, ќе ве освежат ледените чорапи. Само ставете чорапи во замрзнувач, а пред спиење ставете ги на нозе.