Пред спиење, најлесно е омилениот уред да го оставите на полнење на дофат на рацете. Но, цената може да биде висока…
Спиењето покрај мобилен телефон е лошо само по себе. Мобилните телефони зрачат, а докажано е како зачестеното држење на мобилен телефон во своја близина (во џеб или во близина на креветот додека спиеме) може да има негативни последици на нашето здравје. Но, држењето мобилен телефон вклучен на полнач на кревет е навистина опасно.
– Истражувањата покажале дека 54 отсто од децата и тинејџерите својот мобилен телефон или таблет го полнат на кревет или под перница. Ова може да биде многу опасно. Топлината која се насобира на овој начин не може да се распореди и полначот станува се пожежок. Множно е да се запали креветот или перницата. На тој начин претставува голема опасност. Проверете каде вие и вашето семејство ги полните мобилните уреди, стои во статусот.
Ако сакате да се заштитите, не користете неисправни полначи, купувајте само оригинални полначи и тргнете ја маската пред да го ставите уредот на полнење.
Полнењето мобилен телефон во екстремни температури исто така е опасно.