6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ОВА се тајните кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат за летот

Сите оние кои сакаат да летаат и уживаат во моментот кога авионот нагло забрзува и полетува, не знаат дека од тогаш нивните животи се во рацете на луѓе за кои не знаат ни како изгледаат.

Дали сте знаеле дека пилотите и стјуардесите и целиот свет на воздухопловни професионалци од нас „обичните“ патници чуваат тајни кои никогаш нема да ви ги откријат.

1. Дали сте знаеле дека од моментот кога ќе се исфрлат маските за кислород, имате само 15 минути да дишете вештачки воздух? Тоа е доволно да пилотот го спушти авионот на висина каде можете нормално да дишете.

2. Зошто секогаш од играчките треба да ги вадите батериите? Ако вашата играчка случајно почне да вибрира, некој од персоналот ќе ве принуди да ја отворите својата торба. Затоа не носете играчки со себе во просторот за патници.

3. Вистинската причина зошто светлата во периодот на спушатање ноќта се гасат, е за да се прилагодат вашите очи на темницата доколку нешто тргне наопаку, и морате брзо да се евакуирате од авионот.

4. Дали сте знаеле дека грмотевиците ги погодуваат авионите во лет иако тоа вие не го приметувате? Можеби не ни треба да го знаете овој податок…

5. Знаете ли дека WC во авионот можат да се отклучат и од надвор? Немојте да мислите дека може да се заклучите и да правите некои „забранети“ работи затоа што постои лесен начин за провалување.

6. Знаете ли дека пилотите во авионот имаат резервна храна во случај да едниов вид на храна биде отровен?

7. Доколку се случи незгода за време на летот, поголемиот дел на комерцијални авиони можат да летаат само со еден мотор.

8. Стручното објаснување зошто мораме да ги гасиме мобилните за време на полетување и слетувањето засега ги нема.

9. Стјуардесите никогаш не добиваат бакшиш. Зошто? Ако можете да оставите бакшиш на келнер/келнерка, можете и на жените кои се грижат за вашата сигурност и скокаат околу вас десет часа на седум километри висина!

10. Авионот на кој ќе му откажат двата мотори, и понатаму може да лета долго време. Затоа слетувањето и полетувањето се најкритичниот дел од летот.

11. Водата во авионот е доста нечиста. Некои авиони се стари и по 50 години, а толку се стари и резервоарите за вода кој речиси никогаш не се чистат.

12. Зошто во тоалетите во авионите имаат пепелници? Иако е забрането пушење, експертите заклучиле дека иако не смееат, оние кои ќе запалат цигара мораат да имаат сигурно место за гасење на истата.

13. Зошто пивските лименки се толку проклето мали? 0,175 cl па не е тоа капки за очи. Нема да го срушиме боингот ако ни дадете литар пиво, скржавици едни!

Спонзорирано: