За успех во правосудството, за успех во заштедата на народните пари, за компетитивна економија транспарентноста и отчетноста е многу важна – посочи премиерот Заев на емисијата Отворено на ТВ 24.
Ако земјава била до пред две години на ниска база од 30 отсто во однос на транспарентноста , па достигнала постепено до 50 отсто , денес е на 77 отсто. Воедно денес сме на прво место во регионот во однос на транспарентност и отчетност.
Се поголемата отвореност значи поуспешни институции и позадоволни граѓани.-истакана премиерот Заев.
Тој додаде дека денес ниту една јавна набавка не поминува без објавување на јавен оглас за тендер, што е сигурна потврда за транспарентното и отчетно работење на институциите.