Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: Сите преземени реформи во правосудството се позитивно оценети во Извештајот на ЕК

Нашите целокупни напори што ги правевме во рамките министерството за правда се позитивно оценети во Извештајот на Европската комисија и нотирани се 47 позитивни заклучоци посочи министерката за правда Рената Дескоска во емисијата Отворено на 24 вести.

Во однос на Законот за СЈО, таа посочи дека потребени се гласови во Собранието со двотретинско мнозинство. Нам како министерство ни е битно законите да бидат носени со заедничко мнозинство, впрочем како што и ги донесовме законите за судови, законот за судски совет, и тоа според сите препораки од Венецијанската комисија и Европската комисија, посочи Дескоска

Во однос на судските реформи министерката потенцираше дека во изминатиот период се создаваат инструменти и се создава правна рамка којашто во иднина ќе превенира можности за корупција, за криминал, за пристрасност во судството и исто така можности ако се појават такви ситуации тие судии веднаш да бидат разрешени. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Филипче: Скандал од невидени размери е Мицкоски да му дава насоки на обвинителот

ДЕСК