23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Тие во просек живеат околу 120 години. Ова е тајната на Хунзите…

Хунзите, народ со потекло од Пакистан, се познати по тоа што нивниот животен век трае 110-120 години. Освен тоа, тие никогаш не заболуваат од опаката болест. Местото на кое Хунзите живеат го нарекуваат „оаза на младоста“…

Тие речиси никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат младолико. Хунзите се капат во ладна вода, дури и на температура од – 15 степени Целзиусови. Многу припаднички на овој народ раѓаат деца и кога ќе преминат 60 години старост.

Хунзите на лето јадат сирово овошје и зеленчук, додека на зима јадат суви кајсии, житарици и овчо сирење. Постои период кога ништо не јадат и тој се нарекува „гладна пролет“ – тоа е дел од годината кога овошјето се уште не е зрело, и тогаш исклучиво пијат сок од суви кајсии. Овој период трае од 2 до 4 месеци.

Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно во просек внесуваат по 1.933 калории, од кои 50 г протеини, 30 г масти и 365 г јаглехидрати. Од искуство, многу странци кои се преселиле во долината на реката Хунза, заклучиле дека главниот фактор за долговечниот живот е здравата исхрана, реткото конзумирање слатки и алкохол.

Тие секогаш се насмеани и добро расположени, дневно пешачат и до 200 километри, и тоа за нив е идентично како прошетка околу зграда за модерниот човек.