23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео)Мицкоски: Уште еден неуспех на Владата и Заев, најлош резултат за странски инвестиции во последните години

Поразите и измамите на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ стануваат секојдневие. По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите 4 месеци поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 години. Уште еден неславен рекорд, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема.

Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра.

Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски.

Ова е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на директни странски инвестиции. Нешто за што веќе дебатиравме и на нешто на коешто веќе предупредувавме.

Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена.

И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта. Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за подобар живот на граѓаните.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2249548775297689/?t=0