10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Од заробена држава за 2 години станавме светол пример во регионот

Нашата држава доби најпозитивен извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Од „заробена држава“ за само 2 години процесот на реформи од Северна Македонија направи „светол пример“ во регионот. Oва го изјави портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Успехот во реформскиот процес е признаен и соодветно вреднуван. Како што е нотирано во Извештајот, постигнат е добар напредок во реформата на разузнавачките служби. Откако беше завршена реформата на системот за следење на комуникациите, новата Оперативно-техничка агенција е целосно оперативна, а државата започна со реформа на своите разузнавачки служби во соработка со НАТО и другите партнери. Избран е модел, а усвоена е и законската рамка за формирање на новата Агенција за национална безбедност“, рече Костдадинов.

Додаде дека добар напредок е забележан и во спроведувањето на „Итните реформски приоритети” и препораките од Венециската комисија и Високата експертска група за системски прашања во делот на владеењето на правото“.

Според Костадинов, државата и институциите покажале континуирана определба за подобрување на судскиот систем, а подготвен е и нов закон за Јавното обвинителство за интегрирање на специјалниот јавен обвинител во системот на обвинителството.