23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Историски пренос: Самсунг(Samsung), Спин Дигитал(Spin Digital) и СЕС(SES) првпат во Европа емитуваа 8К содржина преку сателит

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.), заедно со Спин Дигитал (Spin Digital) и компанијата СЕС (SES) како водечки оператор за сателитски пренос на сигнал, првпат во историјата на Европа емитуваа 8К демо сигнал директно на телевизор со рамен екран.

Гореспоменатата 8К содржина е емитувана преку сателитот Астра, при кое емитување, компанијата Спин Дигитал обезбеди стручно знаење за енкодирање на 8К сигнал со висок квалитет, СЕС обезбеди широкопојасна врска како би се емитувал тој сигнал, а Самсунг обезбеди 8К телевизор со рамен екран кој го прими, декодираше и директно го прикажа сигналот.

“Компанијата Самсунг во потполност е посветена на развојот на идниот пазар за 8К телевизиски уреди, а оваа демонстрација на одржливоста на сателитска платформа на СЕС претставува важен чекор кон таа цел.“- изјави Џон Адам (John Adam), шеф на Секторот за Бизнис развој и Индустриски прашања во компанијата “Samsung Research UК“.

Со помош на “HEVC“ енкодерот, компанијата Спин Дигитал енкодираше 8К содржина при 50 фрејмови во секунда, во резулоција од 7680 x 4320 пиксели, со брзина на пренос од 70 Mbps, што е доволно за квалитетно емитување, додека пак тој сигнал го пренесе СЕС преку поединечен транспондер од 33 MHz со помош на “DTH“ параметар за емитување. Самсунговиот “8К Q950RB“ КуЛед телевизот со дијагонала од 82 инчи, директно го прими сигналот и користеше “DVB-С2“ параметри за пренос, кои се специфични за потребите на оваа демонстрација. Овој премиум телевизор на компанијата Самсунг сè уште е во процес на производство, а се одликува со максимална луминенција од 4000 нити, “HEVC 50/60 fps“ видео декодер компатибилен со 8К содржини, најнов “HDMI“ интерфејс и може да прикажува “HDR“, односно висок динамичен опсег на содржини. Наскоро ќе биде достапен за купување ширум Европа.

“Соработката со СЕС помага да се дефинира компресијата и квалитетот на поставувањето на новиот 8K формат, кој потполно го користи целиот потенцијал на технологијата за кодирање “HEVC“. Нашиот следен чекор е да обезбедиме сличен квалитет и компресија за пренос во живо “8К HEVC’ “ – изјави Маурисио Алварез – Меса (Maurisio Alvarez–Mesa), Генерален Директор на Спин Дигитал, додека Томас Врид, Потпретседател на Секторот за Нови технологии и Стандарди во компанијата СЕС Видео, додаде дека треба да следува заедничка подготовка за иднината во која корисниците ќе уживаат во подобрен квалитет на видео содржините, а ќе биде дефиниран стандардот за сателитски пренос на 8К сигнал.
Преносот на 8К содржина со квалитет соодветен за емитување преку повеќе видео формати, бара ефикасно енкодирање на видео сигналот и проверена инфраструктурна технологија. Иако технологијата на компресија ќе стане поефикасна во наредните неколку години, демонстрацијата покажува дека сателитите уште сега се во состојба да обезбедат брзина на пренос неопходна за дистрибуција на 8К сигналот од еден до друг континент.