Македонија денеска го одбележува Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. По тој повод се одбележуваат низа свечености, а денешниот ден е прогласен за неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
На 11 мај 1860 година според јулијанскиот календар или 24 мај 1860 година според грегоријанскиот, Македонија за прв пат го одбележува Денот на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј. Од тогаш, па се до денес солунските браќа на овој ден го добиваат заслуженото признание за нивната улога во формирањето на македонската литература.
Браќата Кирил и Методиј се најмладиот и најстариот син на Лав и Марија, инаку богато византиско семејство кое живеело во Солун. Растејќи во побожно семејство Кирил и Методиј од најмали години биле учени да ги следат начелата на христијанството.
Како високо образовани, браќата Кирил и Методиј биле ценети во византискиот двор од каде добивале одговорни задачи како на пример познатата Моравска мисија која имала за цел ширење на христијанството кај народите во Византија и наметнување на византиската црковна власт.
Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот, Кирил и Методиј биле испратени меѓу Хазарите. Откако го увериле Каган во верата Христова, тие го крстиле овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време солунските браќа во Цариград, ја напишале словенската азбука од триесет и осум букви и на тој начин започнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
По смртта на Кирил на 14 февруари 869 година и Методиј на 5 април 885 година, мисијата за ширење на христијанството и словенската писменост ја продолжуваат нивните ученици на чело со Климент и Наум Охридски.
24 мај- Денот на солунските браќа Кирил и Медориј го празнува целиот Словенски народ. Во 1880 година папата Лав 13 ја вовел нивната слава во календарт на Римокатоличката црква, а во 1980 година словенските просветители Св. Кирил и Методиј од страна на Јован Павле Втори биле прогласени за копатрони на Европа.