24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Панасоник“ ги прекина сите трансакции со компанијата „Хуавеј“

Јапонската компанија „Панасоник“ објави дека ги прекинала трансакциите со кинеската компанија „Хуавеј“. Вашингтон ја стави оваа кинеската компанија на црната листа и ја обвини дека придонесува за шпионски активности на Пекинг.

„Ги прекинавме сите наши трансакции со ‘Хуавеј’ и нејзините 68 разграноци што се опфатени со забраната на американската влада“, рече портпаролот на „Панасоник“, Џо Флин.

„Хуавеј“ набауваше електронски компоненти од јапонската компанија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, воведе вонредна состојба за да ги заштити американските компјутерски мрежи од нападот на „странските противници“. Не е познато поради која компанија беше воведена вонредната состојба, но се верува дека тоа е „Хуавеј“.