Centar.mk
КУЛТУРА

Изведба на „Травијата“ на Мајските оперски вечери

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, се само дел од епитетите за „Травијата“ на Џузепе Верди, која ќе биде изведена на 28 мај со почеток во 20 часот како дел од 47. Мајски оперски вечери.

Ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска, а режијата е на Верена Штојбер од Германија.

Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Сања Керкез, оперската дива од Белград, Србија. Благој Нацоски ќе ја толкува улогата на Алфред Жермон, а во улогата на Жорж Жермон ќе настапи Отар Накашидзе од Грузија.

Можеби ќе ве интересира

Детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“ го отвора јубилејот – 40 години Ван Гог Бар

ДЕСК

Двете книги со драми од Дејан Дуковски во издание на „Арс Ламина“ премиерно на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ДЕСК

Книжевно-уметничка средба во рамки на проектот „Читај ја Македонија!“ на Олга Панкина (4 јуни 2026, Центар за словенски култури, Москва)

ДЕСК