22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Османи: Имплементацијата на Законот за јазиците претставува приоритет на земјата

Првиот координативен донаторски состанок организиран од страна на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош и директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, се одржа денеска во Владата.

„Имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците претставува приоритет на земјата за натамошно унапредување на демократијата и почитување на основните права, а истовремено самиот закон значително го подобрува и го проширува користењето на албанскиот јазик, со што се реши и едно од последните отворени прашања што создаваа меѓуетнички тензии по уставните измени од 2001 година“, истакна Османи.

Доколку сакаме правилно да го спроведуваме законот, додаде тој, треба да се соочиме со предизвиците за негова целосна имплементација.

На состанокот беа присутни голем број претставници на донаторската заедница во земјата, претставници на амбасадите, на финансиските институции, ОБСЕ итн.. На состанокот беше презентиран планот на Владата за имплементација на Законот за употреба на јазиците, со цел утврдување на можностите да се обезбеди поддршка за негово спроведување со донаторска помош, како и можната размена на искуства и трансфер на знаења од земјите што имаат вградени и функционални двојазични системи.

Законот за употреба на јазиците беше донесен уште во март 2018 година по што беше основана Агенцијата за надзор и координација на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во јануари оваа година, чиј директор е универзитетскиот професор Илбер Села, а во февруари годинава година беше формирана и меѓуминистерска работна група за спроведување на законот.

Спонзорирано: