24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 500 илјади граѓани во земјава се сиромашни

СДСМ дојде на власт и сиромаштијата го допре плафонот. 500 илјади граѓани во Република Македонија се сиромашни и не може да го поминат месецот. Овој податок говори колку реално Владата на СДСМ е загрижена за социјално ранливите категории граѓани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Јагода Шахпаска.

„СДСМ не ги прифати амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’, со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата. Власта не прифати секое домаќинство што користи гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање дел од трошоците за потрошувачка на енергенти во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 на 5.200 денари.

СДСМ не прифати да продолжи правото на парична помош на мајка што родила четврто дете, која се грижела за своите деца до нивната 18-годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари. Сето ова говори за незагриженоста на Владата за социјално ранливите категории граѓаните на Република Македонија. Поради ова, стапката на сиромаштија е во секојдневен раст. Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прави власта“, се додава во соопштението.