24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојаноска:ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на ДДВ за парното

,,Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните. Тие ветија поевтино парно и не го исполнија тоа, па откако беше откриена оваа измама, пуштајќи го во собраниска процедура законот за измена на ДДВ каде не се предвидува намалување на ДДВ-то за парното, нешто што го ветуваа претходно, панично побрзаа на полушверцерски начин, под притисок на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста да поднесат амандман со кој се предвидува намалување на ДДВ-то за парно услуги”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, беше потребна бурна реакција од јавноста и ВМРО-ДПМНЕ за власта во 5 до 12 да поднесе амандман за намалување на данокот за парното.

,,Зоран Заев ги лажеше граѓаните пред вториот круг од изборите дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори. Сега дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот тие истрчаа да го направат тоа.ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста.Оваа влада покажува дека е неспособна и измамничка. Дека не ја интересираат граѓаните, туку личните кариери на поединците од власта”, додаде таа.