Во периодот од 17 мај до денеска, регистрирани се вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, информираат од Институтот за јавно здравје.
Меѓу нив, 77,1 процент се невакцинирани, или пак, вакцинирани со една доза, но и лица за кои нема податоци за вакциналниот статус.
Во текот на оваа недела најголем број на случаи заразени (56) се на возраст над 30 години.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека досега регистрирани се 1.625 пациенти со ова заболување.
Од почетокот на епидемијата, во Скопје се вакцинирани 14.541 дете, додека во останатиот дел од државата се вакцинирани 12.707 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 27.248.
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 2.439 лица, од нив повеќе од 60 проценти се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.