16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка

Владата на СДСМ, како на локално така и на централно ниво покажува целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид.

После триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа не го гледаат само Охриѓани, тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, но како што можете да зебележите и светската експертска јавност од УНЕСКО, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Имено да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид околу изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба која се врши спротивно на прописите го загрозува овој објект кој повторуваме е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако експертите и граѓаните цело време алармираат. Да потсетиме и за случајот со хотелот во Лагадин за кој Заев лично се заложи да биде изграден иако истиот прекршува 12 закони и се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото што директно го загрозува овој природен заштитен појас, кој меѓу другото е и еден од условите Охрид да биде на листата на УНЕСКО“, рече Арсовски.

Сличен случај е и, додаде тој, самоволието кој владее во градот во старото јадро на градот, кај што во старата охридска чаршија непосредно до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси на власта односно само заради тоа што има претходен договор актуелниот градоначалник на Охрид. Патем, рече Арсовски, во овој случај биле нападнати и две инспекторки од Управата за заштита на културно наследство како и медиумска екипа која што известувала за случајот и нормално за тоа никој ниту се извини, ниту понесе одговорност.

Спонзорирано: