Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ново невреме доаѓа накај Македонија: Метеоцентар со најнова прогноза за продолжениот викенд

Времето денеска е сончево со умерена облачност, попладне во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и грмежи.

И утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни
процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 25.05.2019
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 20°С до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 26.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 27.05.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.