24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Притвор за момче од Леуново – кршел инвентар во интернат и нападнал полицајци во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против 20-годишно момче од Леуново поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21 мај кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.

Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.