Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт, информираат од владината прес-служба.
Како што се наведува во соопштението, на денешната средба било договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.
Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните.