Денес ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.
Прогноза за 15.05.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 16°С до 22°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 16.05.2019
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Прогноза за 17.05.2019
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.