13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Апостолска за Капитал: Досега имам потпишано три договори со странски инвеститори вредни 43 милиони евра

За работата на министрите без ресор задолжени за странски инвестиции, како и нивната (не)видливост во македонската јавност, нивната комуникација со бизнис секторот и со странските инвеститори, промоцијата на инвеститорските можности во земјава и нивната улога во промовирањето на македонските стартапи пред странски инвеститори, Капитал разговараше со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

-Кои се задачите на министер без ресор задолжен за странски инвестиции?
Самата поставеност во структурата на Владата, како носител на извршната власт, го дефинира нашиот делокруг на работењето поврзано со привлекување странски компании кај кои постои интерес или пак постои проценка дека има простор да се поттикне интерес за реализирање на инвестициски проект во нашата земја. Во овој контекст, произлегуваат и задачите наминистрите задолжени за странски инвестиции постојано да развиваат аргументација, заснована на реални економски и политички параметри, и истата да ја претставува пред странски инвеститори, со цел да се уверат во конкурентноста и атрактивноста на условите во земјава за нови инвестициски вложувања.

Постојаното одржување на контакти со веќе постоечки странски компании во земјава и доближување до нив на владините економски мерки е еден друг апсект од нашата работа, насочен кон воспоставување на квалитетна меѓусебна интереакција, со цел во секој момент да имаме институционална респонзивност на потребите, предизвиците и очекувањата кои странските компании ги имаат во однос на владините економски политики. На овој начин непосредно сме вклучени во градењето на позитивна перцепцијата на странскиот капитал во поглед на пристапот кој Владата го има кон компаниите што е особено важно, а при тоа имајќи ги предвид добрите искуства на странските компании веќе присутни во Република Северна Македонија и што може да биде дополнителен мотивирачки услов за нови потенцијални инвеститори.

Работиме и на негувањето на комуникација со домашната бизнис заедница, особено од аспект на запознавање со достапните мерки за развивање на деловни релации со странски компании, со посебен акцент во делот на можноста за нивно вклучување во добавувачките ланци. Со оваа соработка се укажува на можните извори на финансии кои им стојат на располагање за подигнување на нивното технолошко ниво и конкурентност, пред се на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со што би се зголемиле нивните капацитети да бидат партнери на сериозни странски компании.

Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите министрите без ресор задолжени за странски инвестиции добија дополителни задолженија, со тоа што директно се вклучија во неговото промовирање, како и практично спроведување. Со овластување на Владата, министрите потпишуваат договори за финансиска подршка со компаниите и имаат увид во инвестицискиот проект за доделената финансиска поддршка, а исто така учествуваат во процесот на исплата на финансисиските средства. На овој начин постојано се следи динамиката на инвестициските активности на компаниите во земјава, што е значајно за создавањето на реална слика за тоа како стопанството реагира на економските политики за поддршка на инвестициите. Со ова министрите без ресор задолежени за странски ивнестиции се стекнуваат со повратни информации кои се корисни во моделирањето на идните правци на развој на владините економски политки за поддршка на инвестициите.

Овие обрвски се извршуваат на дневна основа и се јадрото на делокругот на работењето на министрите без ресор задолжени за странски инвестиции, но со тоа не се исцрпени сите работни активности бидејќи има и други задолженија. Конкретно,во поглед на мојот ангажман покрај овие редовните обврски јас сум Ко-претседавач на Мешовитата комисија за спроведување на договорот за слободна трговија со Украина, понатаму, член сум на Совет за следење на состојбите во пензискиот систем, како и учествувам во работата на Советот за развој на пазар на капитал-Стопанството реагира дека не ги знае ваквите министри, и често странските компании се обраќаат до коморите за информации за евентуални инвестиции.

Дали „држите врска“ и соработувате со коморите во процесот на привлекување на сстрански инвестиции?

Прашањето е израз на перцепција која според мене не соодветствува со мојата континуирана соработка со коморите и бизнис секторот. Тоа дека странски компании се обраќаат до стопанските комори не може да биде индикатор дали некој министер е познат или не за деловните чинители, дали тој има или не развиени професионали релации и комуникација со нив.

Пред носењето на одлука за инвестирање странските компании многу често влегуваат во процес на опсервација на состојбите во државата без вклучување на официјални владини преставници или институции, односно во прибирање на информации за деловната клима директно од бизнис секторот. Во оваа смисла, стопанските комори и нивните членки странските компании ги користат како индикатор за економскиот абиент. Значи, многу вообичаено е странски компании да се обраќаат до коморите, со цел обезбедување на податоци и контакти поврзани со за нив релевантни домашни компании. Стопанските комори се најширок извор на информации за домашни компании по сектори за кои кај конкретни странски инвеститори постои интерес за воспоставување на соработка.

За редовната и успешна соработка со коморите во земјава, зборува и фактот дека за неполни две години, од кога сум министер, имав бројни настапи пред сите стопански комори, на кои се разговарало за политиките и поволностите за привлекување на инвестиции пред нивните членки и тоа низ целата држава. Мојата вклученост во појаснувањето на Планот за економски раст е моја континуирана обврска и заедно со мојот Кабинет сме во редовна комуникација со заинтересирани странски ивнеститори со цел обезбедување на конкретни информации. Оваа соработка не е ограничена само со коморите во кои членуваат домашните компании, туку напротив, успеав да воспоставам пракса која ги вклучува и коморите на странските компании кои се во земјава. На пример, одлична соработка имам со холандско-македонската стопанска комора, италијанските „ИТА“ и „Конфиндустрија“, пред чии членки во неколку наврати сум ги преставувала можностите за инвестирање во Република Северна Македонија. Овие релации со странски комапнии ги имам развиено и воспоставено со помош на странските амбасади во нашата земја. Можностите за инвестирање беа тема и на неодамнешниот деловен работен појадок, организиран од амбасадата на Словенија, кој го имавме со словенечките компании кои работат во нашата држава.

Самата природа на работата, нејзиниот успех, во голема мерка наметнува потреба од негување на квалитетни односи и комуникација со сите организирани форми на делување на стопанските субјекти во земјава. Нивните искуства, анализи, согледувања, непосредни контакти кои што ги имаме со странски компании, ни даваат силен импут во потрагата по нови потенцијални странски инвестиции. Затоа јас како министер за странски инвестиции, постојано во секојдневното работење, заедно со членовите на мојот Кабинет, приоритетот го ставаме на активностите поврзани со привлекување на инвеститори, но не само од странство, туку и домашни компании кои својот развој го препознаваат во идни инвестициски зафати.

-Зошто министрите без ресор за странски инвестиции воопшто ги нема во јавност?

Пред да одговорам на прашањето најпрвин сакам да се заблагодарам за оваа прилика која ја гледам како добра можност да дадам одговор со кој верувам дека ќе успеам да ја пренесам до читателите вистинската слика за мојот ангажман како министерка без ресор задолжена за привлекување на странски инвестиции. На почетокот би сакала да се осврнам генерално, при тоа нагласувајќи го фактот дека присутност во јавноста на министрите без ресор за привлекување на странски инвестиции во голема мера зависи и е поврзана со природата и делокругот на нивното работење.

Имено привлекувањето на странски инвестиции е комплексен процес, на кој влијаат многу фактори, како политички така и економски, тоа е процес кој бара време и долги разговори до конечните одлуки за инвестирање, со развивање на многу аргументи зошто Република Северна Македонија е дестинација со одлична бизнис клима погодна за секоја компанија што планира да го прошири својот бизнис или да отпочне нов. Специфичноста на овие процеси, како и конкурентската чувствителност, бара почитување на деловната етика. Компаниите додека се во фаза на разговори со официјални владини претставници очекуваат тие информации да не бидат предвреме изложени во јавноста, односно во медиумите. Кога преговорите ќе финализираат, кога самата компанијата ќе објави дека одлучила за реализација на инвестицијата, дури тогаш се создава простор за комуницирање во јавноста на оваа одлука од страна на официјални владини преставници. Ова е главниот аспект на нашата работа кој поради својот карактер ги прави министрите задолжени за странски инвестиции помалку присутни во јавноста.

Сега би сакала да се задржам повеќе за моето присуство во јавноста. Во контекст на резултатите од моето работење од кога сум министер веќе имам потпишано три договори со странски инвеститори (американски, германски и руски), од кој едниот анекс, а на кои им претходеа долги разговори за кои не беше соодветно да се соопштуваат детали во јавниот простор пред нивното реализирање. Како што и претходно нагласив тоа го наложуваше деловната етика, која треба да ја почитуваме во комуникација. Откако нивната одлука за инвестирање во земјава беше официјализирана, тоа го споделив во јавноста, така што и граѓаните можеа да се запознаат за кои странски компании станува збор, со обемот и значењето на инвестицијата странски инвестиции и други важни информации. Овие инвестициски проекти се вредни околу 43 милиони евра, и се очекува да се отворат 1.900 работни места, во областа на производство на апарати за домаќинство, кабли за автомобилска индустрија и леани метални делови за индустриска употреба.

Надвор од овој фокус на министрите за странски ивнестиции, постои широк простор за јавен настап, за непосредна комуникација во јавноста и секој министер сам си го дефинира и исполнува. Во оваа смила, за себе можам да кажам дека имав повеќе настапи пред домашни и странски компании презентирајќи ги мерки од Планот за економски раст, можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, што впрочем и било соопштувано во јавноста. Потоа, во организација на бизнис асоцијациите на жените, на тема за женското претприемништво, родова еднаквост во бизнисот и слично, во повеќе наврати имав можност јавно да говорам за потенцијалите и поволностите за инвестирање кои се достапни и на жените во бизнисот. Понатаму, учеството на разни бизнис и инвестициски форуми и самити, во земјата и странство, редовните комуникации со амбасадори, се активности кои никогаш не пропуштам да ги соопштам и споделам со медиумите.

Она што сметам дека е најзначајно во работењето на министрите е да се постигаат резултати, да има нови инвестиции и раст на економијата, да се отвараат нови работни места со нови технологии и знаење, затоа што така може да се влијае врз животниот стандард и благосостојбата на граѓаните. Дали некој од министрите ќе ги има повеќе или помалку во јавноста не би требало да биде мерило или оценка за персонална успешнот, важен е придонесот во создавање на големата слика за развојот на бизнисот и економијата воопшто на нашата држава.

Апостолска-Дали се консултирате со приватниот сектор за тоа какви инвестиции им се потребни? Имате ли некаква барем соработка со бизнис коморите во земјава?
Интервјуто во целост на следниот линк

Спонзорирано: