Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во ресторан во Прилеп, двајца повредени

Во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп ноќеска околу 3 часот имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од прилепското село Лажани, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде што им била укажана помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.