Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Времето се менува, следува уште поголемо невреме – Синоптичарите излегоа со прогноза за тоа што ќе се случува од недела

Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска е променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Утре изутрина ќе биде студено, на места со негативни температури, а преку денот сончево и потопло. Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК