23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Силјановска одби да учествува “На Мегдан”

Кандидатката на ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, денеска, по средбата со „Левица“, одговарајќи на новинарско прашање за повикот на Шарените, едноставно, одби да се појави на настанот наречен “НА мегдан”

„Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“… н верувам дека пратеници, советници, членови на управни одбори и носители на огромни проекти имаат легитимитет да се претставуваат како шарена револуција. Нивните ставови се исти како на мојот против кандидат, па мислам дека тој ги артикулира овие ставови. Ако сакате да бидете револуционер, сметам дека треба да бидете пристојно расотијание од власта. И оваа листа од луѓе што ја видов не сметам дека е репрезентативна за некој што се нарекува револуционер“, порача Силјановска.

Претходно претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски ја прифати поканата.